Во Вашингтон контрапротестите поголеми од протестот на екстремистите

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Многу повеќе луѓе се собраа на контрапротестите од оние што во исто време пред Белата куќа во Вашингтон ги организираа крајнодесничарските организации. Полицијата затвори многу улици и распореди стотици нејзини припадници за да не дојде до контакт меѓу екстремистите кои ги имаше неколку десетици и илјадниците луѓе кои протестираа против нив. Екстремистите ја одбележуваа годишнината на протестот во Шарлотсвил, Вирџинија кој заврши со насилства при што загина една жена.