Уапсените борци на ИД биле радикализирани од оџата Мемиши

Илустрација: Полициска операција Ќелија за апсење осомничени исламски борци на странските боишта

Седумтемина борци за Исламска држава кои во вторникот беа депортирани и уапсени на Меѓународниот аеродром Скопје, а заробени во Сирија, биле ученици на оџата Реџеп Мемиши од чаирската џамија „Тутунсуз“, кој пак минатата година беше осуден на седум години затворска казна за учество и организирање паравојска и регрутирање војници за борба во редовите на ИД, пишува МИА.

Терористите, кои по потекло се од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар, на возраст од 23 до 41 година, биле донесени со воен авион, а според полициски извори, уапсените дури биле и среќни што со лисици на рацете се вратени во матичната земја, со оглед на тоа што повеќето приведени во Сирија и Ирак биле ликвидирани.

Македонија е дел од меѓународната коалиција за борба против тероризмот, а македонските безбедносни служби во таа насока соработуваат со сите странски партнерски служби. МВР во 2014 година по измените на Кривичниот законик спроведе акции против ИД во Македонија.