Песков: Санкциите на САД се нелигитимни

Рускиот премиер Дмитриј Медведев, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков и рускиот претседател Владимир Путин

Најавените нови американски санкции кон Русија се целосно нелегитимни од аспект на меѓународното право, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по седницата на рускиот Совет за безбедост.

Тој нагласи дека на седницата рускиот претседател Владимир Путин и постојаните членови на Советот за безбедност ги разгледале „можните нови непријателски чекори на Вашингтон во форма на трговски ограничувања“.

Американскиот Стејт департмент во средата соопшти дека САД на 22 август ќе воведат нови санкции кон Русија, поради „употребата на хемиско оружје во обидот за атентат“ врз поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал во Велика Британија.