Меѓу четворицата загинати во денешната престрелка во градот Фредериктон во Канада, има и двајца полицајци, објави Асошиејтед прес.
Бројот на загинати го потврди и локалната полиција која соопшти дека еден осомничен бил уапсен.
За време на престрелката полицијата ги повика граѓаните да останат во своите домови и да ги заклучат вратите, а ги замоли и да не ја откриваат локацијата на полициските сили преку социјалните мрежи.
Локалните власти најавија дека по истрагата ќе биде објавено официјално соопштение за целиот настан.