Европската комисија против руското мешање во внатрешните работи на Грција

Неприфатливо е мешањето на трети страни во домашната политика на земјите членки на ЕУ, оцени Европската комисија по протерувањето на грчки дипломати од Москва, а како реакција на грчкото протерување на руските дипломати со образложение за нивна вмешаност во организирањето насилни протести за попречување на Договорот со Македонија.

Во изјава за Еурактив, во врска со последните тензии помеѓу Атина и Москва, портпарол на Европската комисија, Карлос Мартин истакна дека „непочитувањето на суверенитетот на други земји и мешањето во нивните внатрешни работи е неприфатливо“.

„Европската Унија секогаш имала јасен став за ова и го разбира предизвикот како што покажаа последните дискусии во Европскиот совет“, изјави Мартин.