Медведев: Санкциите на САД врз руските банки ќе значат „економска војна“

Рускиот премиер Дмитриј Медведен при неговата посета на Камчатка. 10.08.2018.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека Москва ќе смета „објава на економска војна“ и оти ќе се „одмазди“ економски, политички или ако е потребно и со други средства, доколку САД наметнат санкции за руските банки или забрана на нивна употреба на одредена валута.

Денешниот говор на Медведев доаѓа откако САД објавија нова рунда на санкции, а американските законодавци предложија дополнителни мерки, вклучително ограничување на работењето на неколку државни руски банки и нивна употреба на американскиот долар.

„Не сакам да ги коментирам разговорите за други санкции, но можам да кажам една работа: нешто како забрана на работењето на банките или на една или друга валута, ќе биде можно целосно да се нарече објава на економска војна, рече Медведев за време на неговата посета на полуостровот Камчатка на рускиот Далечен Исток додавајќи:

„И би било неопходно на оваа војна да се реагира економски, политички или ако е потребно, со други средства. И нашите американски пријатели треба да го разберат ова“, рече Медведев.