Русија подготвува одговор за санкциите од САД

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Русија подготвува „контрамерки“ за новите санкции од страна на САД. За руските власти новите санкции се неприфатливи.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека ќе воведат санкции против Русија, бидејќи ја сметаат за одговорна за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Британија.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, по информациите за новите санкции ги обвини САД дека се обидуваат да ја „демонизираат“ Русија и изјави дека Москва ќе подготви одговор на, како што рече, овој непријателски чин.

И портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, смета дека новите санкции се неприфатливи.