Најмалку 29 деца загинаа во напади во Јемен

Повредени деца при нападите во Јемен.

Десетици луѓе, меѓу кои најмалку 29 деца загинале при денешните напади од воздух во северен Јемен, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст, пренесува Франс прес.

Нападите се случиле во област која е под владение на бунтовниците. Воздушните напади ги изведува коалицијата предводена од Саудиска Арабија, против иранските бунтовници Хути. Според коалицијата предводена од Саудиска Арабија станува збор за „легитимна воена акција“, спроведена според меѓународното хуманитарно право.