Агенцијата за храна најави засилени контроли за присуство на ГМО во храната

Илустративна фотографија.

Агенцијата за храна и ветеринарство во следниот период ќе спроведе засилени контроли за Генетски модифицирани организми (ГМО) во храната, најави денеска директорот на АХВ Зоран Атанасов.

Тој изјави дека засилените контроли доаѓаат по откривањето во мај годинава на 550 килограми ГМО ориз во кочанско од увозно семе и присуство на увозни соини трошки и шницли од Србија.

Атанасов наведе дека оризот произведен од увозно семе, кој е најден во магацинот на операторот, се уште не се знае кој е неговиот производител, дека е ставен под официјален надзор и оти ќе биде уништен.

На операторот со храна му е изречена парична казна од 5000 евра за субјектот о 1.700 евра за одговорното лице, рече Атанасов, додавајќи дека во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се вршат контроли кај увозниците на семенски материјал за да се утврди од каде е увезено сомнителното семе.

Соините трошки и шницли кај кои со првичните испитувања се утврдило дека содржат ГМО се увезени од Србија. Целата откриена колична од 510 килограми е повлечена од продажба, рече Атанасов. На барање на увозникот „Виталиа“ во моментов се врши суперанализа во референтна лабораторија.