Бибер: идејата за бојкот на референдумот евтин потег

Флориjан Бибер

„Договорот од Преспа за името заслужува широка општествена и политичка поддршка. Жално е што опозицијата и претседателот не го видоа значењето на договорот и го користат за политички поени“, вели во интервју за МИА, Флориjан Бибер, експерт за Балканот и професор на Универзитетот во Грац кој додава: „Идејата за бојкот на референдумот е исто така евтин потег, бидејќи нема за цел да ја провери поддршката кај населението, туку само да го саботира договорот. Опозицијата во Црна Гора многу позрело настапи кога го поддржа референдумот за независност и не повика на бојкот“. Во врска со бројните обвинувања за руското мешање на Балканот и за обиди за поткопување на договорот меѓу Македонија и Грција, Бибер вели дека Русија веќе некое време работи на создавање пречки во регионот за да го спречи проширувањето на НАТО и ЕУ. Според него, најдобриот начин за спротивставување на ваквата деструктивна политика е да се понуди позитивна алтернатива и да се покаже како функционира руската анти-НАТО и анти-ЕУ политиката и како самонаречените патриотски групи и медиуми всушност соработуваат со Москва и промовираат нестабилност.