Вето на законот за поголема моќ на полската владејачка партија

Претседателот на Полска Анджеј Дуда

Претседателот на Полска Анджеј Дуда најави дека ќе воведе вето на новиот полски закон за изборите за Европскиот парламент конципран да ги блокира малите партии, а значително да ја зајакне владејачката партија Право и правда. Полскиот претседател изјави дека со новиот закон изборниот праг за влез во Европарламентот ќе се зголеми на 12 насто од сегашните 5 проценти со што им се оневозможува на малите партии да добијат европратеници.