Сенаторот Ренд Пол го предал писмото од Трамп до Путин во Кремљ

Американскиот републикански сенатор Ренд Пол

Американскиот републикански сенатор Ренд Пол соопшти дека го предал писмото од претседателот Доналд Трамп адресирано до неговиот руски колега Владимир Путин во Кремљ за време на неговата посета на Москва.

„Во писмото се нагласува важноста од понатамошен ангажман во различни области, вклучувајќи ја борбата против тероризмот, зајакнување на парламентарната соработка и продолжување на културната размена. Портпаролот на Путин, Дмитри Песков, за руските новински агенции потврдил дека писмото „било примено преку дипломатски канали“ и оти се очекува претседателската администрација наскоро да го добие.

Засега нема коментар од Белата куќа.

Посетата на Ренд Пол на Москва доаѓа во чувствително време во американско-руските односи.