Топлото време ги уништи комарците во Финска

Финските стручњаци за инсекти соопштија дека невообичаено топлото лето во таа земја го намали бројот на комарци кои исчезнаа во некои области од земјата, особено во Лапонија на северот на Финска. Јука Салмела од Покраинскиот музеј на Лапонија денеска за Асошиејтед прес изјави дека топлотниот бран ги исушил карактеристичните живеалишта на комарците, како што се плитките езера и другите влажни подрачја и оти сега има многу помалку од претходните години.

Ова е едно од најтоплите и најсуви лета во Финска, а температурите во некои области достигна 33 целзиусови степени. Високи температури се регистрирани и во областите над арктичкиот круг, каде што се наоѓа една третина од финската територија.

Салмела вели дека поради исчезнувањето на комарците, посетителите можат повеќе да уживаат во Лапонија, која претходните години, од крајот на јуни до август беше опседната со комарци. Тој додава дека во Финска има околу 40 вида комарци.