Осум цивили од Авганистан, вклучително жени и деца, денеска се убиени откако нивното возило беше погодено од бомба поставена покрај пат во северната провинција Балх, потврди официјален претставник.
Шест цивили се повредени во експлозијата, која се случи областа Шулгар, изјави Шер Јан Дурани – портпарол на провинцискиот шеф на полицијата во Балх.
Дурани за нападот го обвини Талибанците. На други места во Авганистан, Талибанците нападнаа полициски пункт во провинцијата Херат, при што убија осум полицајци.
Портпаролот на гувернерот на провинцијата Гелани Фархад вели дека во престрелката биле убиени шест бунтовници.
Бомбите поставени покрај пат, познати како импровизирани експлозивни направи, остануваат најголема причина за цивилни жртви во конфликтот во Авганистан. 45 проценти од цивилните жртви се последица на поставени експлозивни направи покрај пат, соопштија ОН во извештај од минатиот месец.