Германскиот автомобилски гигант Дајмлер ги прекина своите бизнис активности во Иран, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ја блокира секоја компанија што работи во Иран, а продава на големиот пазар на САД.
„Ги суспендиравме нашите веќе ограничени активности во Иран во согласност со санкциите“, изјави портпаролот на Дајмлер.
Со овој потег ќе завршат плановите на Дајмлер за проширување во Иран, каде се здружи со две локални фирми да составуваат камиони „Мерцедес.“
И покрај мерките кои ги воведе Европската унија за охрабрување на европските бизниси да останат во Иран, Дајмлер и други големи европски корпорации излегуваат од Иран.
Францускиот нафтен гигант „Тотал“, производителите на автомобили „ПСА“ и „Рено“ исто така соопштија дека се повлекуваат од Иран, додека европскиот гигант „Ербас“ ја суспендираше испораката на авиони откако Вашингтон објави дека ги воведува санкциите.