САД воведуваат нови царини на кинески производи

Американската администрација воведува царини од 25 насто на увезена кинеска стока, овој пат во вредност од 16 милијарди долари. Наплатата на царините треба да почне на 23 август на производи од новиот список како што се парни машини и носачи на големи конструкции, згради и мостови. Новите царини се додаток на порано воведените на 6 јули во висина од 25 насто на кинеска стока во вредност од 34 милијарди долари. Во царинската војна на двете најголеми економии во светот Кина возврати со иста мера и ги зголеми царините на американски производи.