Укинато личното обезбедување на поранешниот министер за здравство Тодоров

Архива: поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

МВР го укина личното обезбедување на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, со што се укинува последното лично обезбедување за функционери од поранешната влада, потврдуваат од МВР. Оттаму за МИА потврдуваат дека обезбедувањето е укинато по направени безбедносни проценки дека не постоел безбедносен ризик за Тодоров.

Од МВР посочуваат дека од поранешните функционери обезбедување користи само поранешниот премиер Никола Груевски, бидејќи му следува обезбедување толку години колку што бил на функција.

Деновиве МВР го укина и обезбедувањето на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, исто така поради проценка дека веќе не постојат безбедносни ризици. Откако поднесе оставка во мај 2015 година, за безбедноста на Мијалков се грижеа шест телохранители.