Вучиќ: Потребно е решение за Косово што побрзо

Српскиот претседател Александар Вучиќ.

На Србија и е потребно решение за Косово што побрзо, но не постои лесно, едноставно и безболно решение за овој проблем, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредна прес-конференција.

Вучиќ рече дека такво решение никогаш не ветил, ниту дека постои такво решение. Тој истакна дека Белград ги има исполнето сите обврски од бриселскиот договор, а дека Приштина се уште ја нема формирано Заедницата на српски општини.

Вучиќ изјави дека за тоа постојат две можности: Србите сами да ја формираат заедницата, како што рече, против што немало разумни аргументи, но оти со таквата постапка постоела опасност од еднострана реакција на Приштина која многумина во светот едвај би ја дочекале.

„Бидејќи тоа ќе биде вовед за конечна пресметка на Приштина со северно Косово, да покрај договорот со НАТО да влезат и да ја преземат контролата над виталните ресурси“, истакна Вучиќ.