Медведев предупреди на „ужасен конфликт“ ако Грузија се приклучи во НАТО

Рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев на 10-годишнината од руско-грузиската војна, изјави строго предупредување до НАТО дека приклучувањето на Тбилиси во алијансата може да доведе до нов „ужасен“ конфликт.

Медведев во интервју за радио станицата „Коерсант ФМ“, рече дека евентуалните планови на НАТО да и понуди на Грузија членство се „апсолутно неодговорни“ и се „закана за мирот.“

Минатиот месец, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на средба во Брисел ја повтори поддршката за членство на Грузија, но не прецизираше кога тоа може да се случи.

Ноќта меѓу 7 и 8 август 2008 година, Тбилиси прати трупи да се обидат да ја преземат контролата од својот отцепен регион Јужна Осетија од сепаратистите поддржани од Русија.

Дополнително руски сили влегоа влегоа од соседниот руски регион Северна Осетија да ги поддржат сепаратистите и руските трупи кои веќе беа во грузиската Јужна Осетија.

За неколку денови грузиските сили беа поразени. До крајот на конфликтот на 12 август, загинаа стотици луѓе и Грузија ја загуби контролата врз Јужна Осетија и нејзиниот друг регион Абхазија, кои Москва ги призна како независни држави.