Британија се подготвува да побара од Русија да екстрадира две лица осомничени дека го извршиле нападот со нервен гас во Салсбери врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал, објави британскиот весник „Гардијан.“
Весникот, кој цитира неименувани владини и безбедносни извори, наведува дека британските обвинители имаат направено барање за екстрадиција и оти е подготвено за поднесување.
Од руската амбасада во Британија наведуваат дека не добиле официјално барање од Лондон. Гардијан објавува дека истрагата на стотици полицајци и разузнавачи ги поврзала движења на двајца Руси, од нивниот влез во Британија, преку нивното заминување.
Британската новинска агенција минатиот месец објави дека полицијата идентификувала двајца Руси осомничени за нападот во Салсбери врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и врз неговата ќерка Јулија, ноза извештајот немаше официјална потврда.
Гардијан известува дека одлуката за барање за екстрадиција следи по дебата во владата, која била поделана меѓу оние кои сакаат Лондон да го зголеми одговорот кон Русија во врска со инцидентот и оние кои на барањето гледаат како залуден политички гест.
Секое барање за екстрадиција веројатно ќе биде одбиено. Рускиот устав забранува екстрадиција на руски државјани во друга земја.