73 години од атомскиот напад врз Хирошима

Меморијалниот центар во Хирошима

Јапонија денеска одбележува 73 години од американскиот нуклеарен напад врз Хирошима, што беше прв таков напад во историјата на човештвото. Од 6 август 1945 година кога беше фрлена атомската бомба врз овој град, со што се забрза крајот на Втората светска војна, од повреди и болести причинети од радијацијата настрадаа над 140.000 луѓе. Три дена по бомбардирањето на Хирошима, САД фрлија атомска бомба и врз Нагасаки каде што настрадаа околу 74.000 луѓе.