САД загрижени за насилствата против демонстрантите во Иран

протести во Техеран

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД биле загрижени од извештаите оти иранските власти користеле „насилство против невооружени граѓани“ на протестите во Техеран и во другите градови поради економските тешкотии во земјата. Тој додаде дека САД го поддржува правото на Иранците да протестираат против корупцијата на режимот. Засега не е можно да се добијат потврдени информации, меѓутоа иранските медиуми јавуваат дека најмалку еден демонстрант загинал за време на протестите.