Убиените војници во Авганистан се Чеси

Архивска фотографија - Чешки војници, дел од НАТО мисијата во Авганистан.

Тројцата убиени НАТО војници во источен Авганистан се чешки државјани, соопшти Чешката армија. Во соопштението на Армијата се наведува дека тие биле членови на чешката служба и загинале ноќеска во близина на воената база Баграм во провинцијата Парван.

Чешката армија соопштува дека ги информирале семјствата на жртвите, а министерот за одбрана, Љубомир Менар, изразил сочувство.

Чешката влада неодамна го одобри планот за распоредување на 390 војници во Авганистан до 2020, како дел од НАТО мисијата. Сега во Авганистан има распоредено 230 војници.

Во нападот загинаа тројца војници на НАТО, а еден е повреден. Повредени се и двајца припадници на авганистанските безбедносни служби.

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.