Армијата на Србија подигнала борбена готовност поради Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ.

Армијата на Србија превентивно ја подигнала борбената готовност на целата територија поради тензиите на Косово, објави српскиот весник Новости.

Откако вчера била одржана седница на Советот за национална безбедност, весникот наведува дека безбедносните служби ги засилиле своите активности за да се предупредат „плановите на властите во Приштина да се предизвикаат немири во Косово, но и дејствување на одделни кругови во Србија, кои со лажни вести внесуваат немир меѓу српското население на Косово.“.

Консултациите во српскиот државен врв уследи по најновите превирања во Косово и разузнавачки информации според кои Албанците планираат да го „отсечат“ северот на Косово од централна Србија поради лажни најави дека српскиот народ еднострано ќе прогласи ЗСО, наведува весникот.