Мицкоски - Предлогот за влез во владата е непристоен

Архивска фотографија - Христијан Мицкоски и Тања Каракамишева доаѓаат на лидерска средба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на својот фејсбук профил напиша статус во кој наведува дека се измислени неговите наводни барања за амнестија, а предлог за влез во владата е непристоен и надвор од неговите морални принципи.

„Разните неформални понуди, кулоарски муабети, ноншалатни математички пресметки за учество во влада која треба да го донесе и реализира договорот со Грција го сметам за непристоен предлог, надвор од моите морални принципи“, пишува Мицкоски.

Според него, непристојните предлози очигледно стануваат одлика на оваа генерација политичари која се провлекува од транзицијата, и нешто што е дел од нивниот карактер.