За четири години над 10.000 загинати во воениот конфликт во Украина

Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) соопшти дека од почетокот на годината во конфликтите во источниот дел на Украина загинале над 160 луѓе, а од почетокот на воената криза, која почна пред четири години, загинале над 10 илјади.

„Само во јули загинаа седум луѓе во конфликтите во Украина. Ситуацијата во регионот Донбас е нестабилна и непредвидлива”, изјави ​Александар Хјуг од набљудувачката мисија на ОБСЕ.

Во 2015 година беше постигнат мировен договор, но тој постојано се прекршува.