Ќе се отвори постапка за војникот кој учествувал во инцидентот на Мечкин Камен

По вчерашниот инцидент на Мечкин Камен, кога дел од официјалните делегации на прославата на Илинден, беа вербално нападнати и кон нив беа фрлани предмети, Министерството за одбрана информираше дека формирало Комисија за покренување постапка против професионалниот војник Мартин Богоевски кој бил препознаен на видео снимка од инцидентот.

„За да се добие увид во ситуацијата и во заднината на случувањата, професионалниот војник Богоевски денеска е повикан на разговор и на распит во Воената полиција. Во текот на распитот војникот Богоевски, иако на видео-снимките се гледа како стои во првиот ред, негирал дека учествувал во инцидентот во кој беа нападнати вербално и со фрлање предмети високи официјални гости од странство, како и владината делегација која дојде на Мечкин Камен, соопшти МО.

Министерството за одбрана, се вели во соопштението, го осудува учеството на професионалниот војник Богоевски во инцидентот и укажуваме дека на припадниците на институција како што е АРМ не им е местото во групи кои користат насилство за остварување на политички цели