Палмер и Бејли на средба со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев

Метју Палмер и Џес Бејли

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли и високиот дипломат од Стејт департментот, Метју Палмер, денеска се сретнале со градоначалникот на Кавадарци и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, соопшти општинската прес-служба.

„Ова е втора посета на амбасадорот на САД во општина Кавадарци во изминатите неколку месеци, а прва посета на Метју Палмер, политичар од највисок ранг што ја посетил кавадаречката локална самоуправа“, стои во соопштението.

Од Општината информираат дека на средбата се разговарало за актуелните политички теми во Македонија и за развојот на Општина Кавадарци.