Во Грција потрага по брод со мигранти

Илустрација

Грчката крајбрежна стража соопшти дека е во тек операција за потрага по брод, за кој се верува дека превезува околу 50 мигранти, а кој упатил повик за помош источно од грчкиот остров Самос. Крајбрежната стража наведе дека еден хеликоптер и шест бродови, заедно со патролен чамец и бродови на Фронтекс трагаат по бродот. Потрагата била зајакната откако властите добиле повик од еден од патниците на бродот, кој рекол дека бродот наишол на неодреден проблем.