Бомбашки напад во Турција, загинале мајка и дете

Илустрација

Рачно направена експлозивна направа експлодира на пат во југоисточна Турција, при што загинаа мајка и нејзиното дете, јави Ројтерс, повикувајќи се на информации од агенцијата Анадолија.

Според официјалните информации, нападот, што се случил доцна синоќа на пат во близина на Јуксекова, во округот Хакјари кој се граничи со Иран и Ирак, го извршиле курдски бунтовници.

Жената, која се враќала од посета на нејзиниот сопруг кој е офицер во турската армија, починала на самото место, а нејзиниот 11-месечен син починал во болница.