Ердоган ги обвини САД дека користат јазик на закани

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, по апсењето на американски пастор во Турција под обвинение за тероризам, изјави дека „јазикот на заканите кој го користат САД“ никому не е од полза, јави АП.

Ердоган рече дека Турција нема да направи компромис во однос на независноста на судскиот систем и додаде дека забелешките на „евангелистичкото и ционистичкото мислење“ во САД се неприфатливи.

На средба со новинарите во Анкара, турскиот претседател информираше дека турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе разговара на оваа тема со американскиот државен секретар Мајк Помпео на состанокот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија во Сингапур.