Интервентен откуп на пченицата бараат производителите

Интервентен откуп на пченицата, иако е доцна, побараа производителите на лебното зрно од пелагонискиот, полошкиот и од скопскиот регион на денешната средба во Прилеп со Националната федерација на фармерите на Македонија.

Според производителите, се исполнуваат законските норми зашто производствената цена од 9,14 денари што ја одреди Министерството за земјоделство е повисока од откупната од 7 до, максимум 8,5 денари каква што е во моментов.

Пролетната проекција за род од 200 илјади тони е официјално сведена на откуп на 70 илјади тони пченица. Данокот го зедоа нестабилните климатски услови и ниските откупни цени што ги нудат мечничарите. Националната федерација на фармерите бара враќање на градобијните ракети за заштита на земјоделското производство.

Според Федерацијата и берзанските цени, Македонија има најниска цена на пченицата во регионот. Во Хрватска е 8,84, во Србија е 9,12, во Бугарија 10, 55 денари за килограм пченица.