Русија, Иран и Турција во септември на конференција за Сирија

Претседателите на Иран, Турција и Русија - Хасан Рохани, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин

Стефан де Мистура, пратеникот на Обединетите нации за Сирија, планира во септември да свика конференција на земјите кои го гарантираа прекинот на огнот во оваа бликсоисточна земја - Русија, Иран и Турција, објави новинката агенција Асошиејтед прес.

Идејата на Де Мистура е на конференцијата да се формира комисија која би го подготвила новиот сириски устав. Де Мистура денеска во рускиот град Сочи се сретна со претставници на овие три земји и ја најави конференцијата, јави АП.