За Илинден Иванов на Мечкин Камен, Заев во Пелинце, Џафери во Скопје

Коњаниците од 40-иот Илинденски марш тргнаа кон Мечкин Камен

Трите главни чествувања на националниот празник Илинден, на втори август, и оваа година ќе бидат на Мечкин Камен, Во Пелинце и во Скопје.

Во Крушево годинава поздравниот говор ќе го одржи претседателот Ѓорѓе Иванов, во меморијалниот центар Пелинце ќе оди делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а чествувањето во Скопје ќе го предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Минатата година на мечкин Камен беше собранискиот спикер Џафери, во Скопје беше премиерот Заев, а во Пелинце вицепремиерот Кочо Анѓушев.