Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека нов тендер за набавка на возила за потребите на државните институции добила фирма донатор на СДСМ. Според соопштението, се работи за кумановската фирма Делукс – Ауто која го добила тендерот од Централниот регистер на Македонија во вредност од на 8.3 милиони денари за набавка 11 моторни возила.
Лани без тендер во четири очи , како што наведуваат од партијата, Делукс Ауто Куманово направи зделка тешка еден милион евра со Министерството за внатрешни работи и Оливер Спасовски за набавка на 45 автомобили. Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека фирмата за нешто повеќе од една година има добиено тендери во висина од над 1.5 милиони евра.
„Дали преку овие јавни набавки и добивање на државни пари, СДСМ и Зоран Заев се одолжуваат на фирмите и лицата кои им донирале во нивната партиска каса?“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.