Јеремиќ го обвини Вучиќ дека планира референдум за Косово

Вук Јеремиќ

Српскиот опозициски политичар Вук Јеремиќ денеска го обвини претседателот Александар Вучиќ дека планира референдум за статусот на Косово, кој би се одржал паралелно со предвремени парламентарни избори.

Според Јеремиќ, референдумот би бил поврзан со барањето Косово да добие членство во Обединетите нации. Јеремиќ вчера ја почна акцијата за собирање на потписи против договорот со кој Србија би овозможила прием на Косово во Обединетите нации.