Турција ќе одржи самит со Франција, Германија и Русија за Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турција планира да одржи самит со Франција, Германија и Русија на почетокот на септември на кој ќе стане збор за конфликтот во Сирија и други регионални прашања.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека средбата ќе се одржи во Истанбул на 7 септември. Турски медиуми не соопштија дополнителни детали за агендата на самитот. Се уште нам потврда од другите земји за средбата.