Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли изјави дека поделбата на неговата земја и размената на територии со Србија би претставувало газење врз суверенитетот на Косово и оти никој не сака да размислува за таква дебата. Тој во интервју за Гласот на Америка посочува дека „има многу други прашања кои треба да се решат со Србија“, пред воопшто да биде поставено на преговарачка маса едно такво прашање, какво што е размената на територии.