Убиен адвокатот кој го бранеше Милошевиќ во Хаг

Драгослав Огњановиќ

Адвокатот Драгослав Огњановиќ кој беше дел од одбраната на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ на судењето во Хаг синоќа бил убиен во Белград. 57 годишниот Огњановиќ бил застрелан пред неговиот стан во Нов Белград.

Српското министерство за внатрешни работи соопшти дека неговиот 26 годишен син бил повреден во десната рака. Полицијата трага по напаѓачот и нема информации за мотивот за убиството. Огњановиќ бил адвокат во бројни случаи во кои биле инволвирани припадници на мафијата во Србија и во Косово.