Лидерот на српската опозициска Народна странка, Вук Јеремиќ денеска ја почна акцијата за собирање на потписи против договорот со кој Србија би овозможила прием на Косово во Обединетите нации.
Јеремиќ изјави дека целта на иницијативата е испраќање на порака до владата дека граѓаните на Србија се противат за членството на Косово во ОН и дека собирањето потписи ќе се одвива со недели и во сите делови на Србија. Според него, не е вистина дека членството на Косово во ОН е неопходно за да се сочува мирот во регионот.