Протести против зголемување на границата за пензија во Русија

Протестите во Русија

Десетици илјади луѓе излегоа на протести низ Русија поради владиниот контроверзен план за зголемување на границата за пензија. Руската комунистичка партија е главниот организатор на протестите. Меѓу демонстрантите има и поддржувачи на опозицискиот лидер Алексеј Навални, како и од Фондацијата отворено општество на Михаил Ходорковски и движењето Лев фронт и партијата Јаболко.

Според законот се предвидува мажите до 2028 година да се пензионираат на 65 години, а жените до 2034 на 63 години. Повеќе од 2,8 милиони луѓе ја потпишаа петицијата против донесување на законот.