СДСМ реагира правдата е вратена, ВМРО-ДПМНЕ да ги врати парите

Седиштето на СДСМ

Од СДСМ денеска реагираат на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ дека партијата, како што наведуваат, може да ги врати само парите што ги украла, при што правдата одамна е вратена во земјата.

„Нема поголема иронија од тоа ВМРО-ДПМНЕ најкриминалната партија во историјата на Македонија, партијата симбол на грабеж, корупција и неправда да бара правда и владеење на правото“, истакнуваат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа одговорност за, како што наведуваат, општиот грабеж кој го спроведува СДСМ со тендерот на министерството за здравство и финансирањето на проекти од Фондот за иновации.