Исчезнати 9 лица во пожарите во Калифорнија

Пожарникарно возило, илустрација

Девет лица се водат за исчезнати од пожарите кои ја погодија северна Калифорнија во САД. Во пожарите загинаа двајца пожарникари и беа уништени стотици објекти, при што илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат нивните домови. Околу 3400 пожарникари се распоредени на копно и во хеликоптери и авиони.