Путин: Не се доволни телефонски разговори меѓу Москва и Вашингтон

Архива: Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД Доналд Трапм.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека го поканил американскиот претседател Доналд Трамп во Москва, предлог кој бил поздравен од Белата куќа.

Путин додаде дека е подготвен да отпатува во Вашингтон на средба со Трамп, но истакна дека треба да постојат соодветни услови за да се одржи таа средба.

Зборувајќи пред новинарите на самитот на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) во Јужна Африка, Путин рече дека телефонски разговори меѓу Москва и Вашингтон се недоволни.

„Трамп има покана во Москва. Јас му го кажав тоа. Јас исто така сум подготвен да одам во Вашингртон, но повторувам само ако се создадат соодветни услови за тоа“, рече Путин без доболнително да објасни што мисли кога вели за „соодветни услови.“

Путин додаде дека Русија и САД исто така имаат планови за остварување контакти на смитите на Г20 и на други меѓународни собири.