Официјален Пјонгјанг ги испратил во Соединетите држави остатоците од американските војници кои загинале во Корејската војна во педесетите години на минатиот век, јави новинската агенција Ројтерс.
Посмртните останки биле спакувани во 55 мали кутии и според официјалните информации биле испратени до американска воена база во Јужна Кореја, а оттаму во САД, како еден од чекорите за спроведувањето на договорот постигнат на самитот во јуни на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
„Ние сме охрабрени од делата на Северна Кореја и од моментот на позитивни промени”, се вели во соопштението на Белата куќа, по повод предавањето на, како што се наведува, можните посмртни останки на американските војници.
„По толку години, ова ќе биде важен момент за многу семејства. Му благодарам на Ким Џонг Ун“, напиша Трамп на Твитер.