Поранешниот кубански претседател Раул Кастро ги обвини САД дека го стегале обрачот околу Куба, Венецуела и Никарагва, повикувајќи ги тие земји да бидат подготвени да одговорат на секаков вид предизвик. 87 годишниот Кастро оцени дека официјалниот став на САД спрема Куба го каркатеризираат, недостиг на почитување, агресивност, мешање и грубо манипулирање со историската вистина. Кастро на 19 април годинава му ја предаде власта на Мигуел Дијас Канела, но и натаму има влијание врз државните одлуки, бидејќи ќе го напушти челото на Комунистичката партија на наредниот конгрес во 2021 година.
Кастро: САД го стегаат обрачот околу Куба, Венецуела и Никарагва
Поранешниот кубански претседател Раул Кастро