Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави во разговор со претставници на Србите од Косово дека Белград нема ниту едно решение за Косово на повидок. „Се трудиме да пронајдеме некој заеднички именител. Со ништо нема да излезам пред јавноста во Белград, додека не разговарам со вас“, рече тој кој во врска со неговата изјава дека ако не дојде до разграничување со Албанците за 40 години Србија ќе мора да го брани Врање наведе: „Таа изјава е оптимистичка. Ќе дојдеме во таква ситуација за 20 години. Демографијата не е на наша страна. Тие се многу помотивирани од нас Србите да го штитат она што би го сметале за свое“.