Јовески: Истрагата за убиството на Саздовски продолжува

Архивска фотографија- Љубомир Јовески, државен јавен обвинител

Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска на собраниска седница, одговорајќи на пратеничко прашање, рече дека случајот за Никола Саздовски не е затворен и истражувањето продолжува. Јовески нагласи дека во овој момент не може да каже дали истрагата ќе биде проширена.

"Ве уверувам дека за секој што ќе се утврдат криминални дејства со соодветни докази, ќе биде поднесено соодветно обвинение. И во овој момент Обвинителството постапува во овој случај, но дали истрагата ќе биде проширена во овој момент не можам да соопштам. Тоа ќе зависи од вештањата и доказите", потенцира јавниот обвинител.

Саздовски беше претепан до смрт во скопската населба Автокоманда на 29 јуни 2018 година. Првично делото попстапката што се водеше за тројцата осомничени беше за насилство, а потоа Основното јавно обвинителство одлучи да се води истражна постапка за „убиство извршено на свиреп начин“.