СДСМ: Сите барања се исполнети, ВМРО-ДПМНЕ веќе нема изговори против референдумот

Владејачката СДСМ вели дека откако парламентарното мнозинство, заедно со опозицијата, ги изгласало промените на Изборниот законик, Законот за Влада и Законот за финансирање на политички партии, биле спроведени сите барања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и дека таа веќе нема изговори за да не го прифати референдумот.

„Сега ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски веќе немаат изговори за антидржавното однесување. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сега треба да покажат одговорност и сериозност, да го поддржат референдумот за македонската иднина и да им дозволат на граѓаните да одлучуваат“, соопшти СДСМ.