Пронајдена вода на Марс, има ли живот?

Илустрација

Научниците соопштија дека откриле постоење на огромно подземно езеро на Марс, со што се зголемува можноста на дека на Црвената планета постои или во минатото постоел живот. Американското списание за наука денеска објави дека езерото е покриено со слој од мраз и оти веројатно е широко околу 20 километри. Езерото било откриено со помош на радарски инструмент на Марс експрес на Европската вселенска агенција, кој орбитира околу планетата.

Водата е клучна состојка за живот. Научниците велат дека откритието нуди докази за можност за живот, а не доказ дека постоел живот. Тие посочуваат дека може да поминат години пред да се утврди дали има живи организми во водата.